Октај: „Турција ќе продолжи да го брани она што е правилно и законски на секое поле, против оние што го нарушуваат мирот на Блискиот Исток“

0
108

„Турција ќе продолжи да го брани она што е правилно и законски на секое поле, против оние што го нарушуваат мирот на Блискиот Исток“, изјави Октај.

(Дубаи – Портал) – Турскиот потпретседател Фуат Октај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина, ја нарече нелегитимна, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи во централната област Јозгат, Октај изјави: „Ова е нелегитимна одлука. Признавањето на нелегитимна окупација никогаш не е прифатливо.“

„Турција ќе продолжи да го брани она што е правилно и законски на секое поле, против оние што го нарушуваат мирот на Блискиот Исток“, изјави Октај.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот го потпиша претседателскиот декрет со кој САД официјално го признаваат израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.

Обединетите нации (ОН) соопштија дека правниот статус на Голанската Висорамнина ќе остане непроменет – и покрај најавата на Трамп – и дека според меѓународниот закон, таа сé уште се смета за „окупирана територија“.

Израел од 1967 година ја држи под окупација Голанската Висорамнина која е територија на Сирија. Израел продолжува да окупира околу две третини од поширокиот регион на Голанската Висорамнина како директен резултат на конфликтот.

Во 1981 година Израел официјално ја анектираше територијата во еден потег, едногласно отфрлен во тоа време од Советот за безбедност на ОН.

Mahir Demişoski