(Дубаи – Портал) – Околу 85 отсто од сириските деца што живеат во Турција страдаат од горчливите спомени од војната, според новиот извештај, кој исто така наведува дека околу 47 отсто од нив имаат потреба од психолошка поддршка.
Во “Извештај за истражување на за сириските деца”, подготвен од истанбулското здружение “Мави Калем” (Плав Калем), Истанбулската провинциска дирекција за национално образование и Фондот Малала, покажаа импресивен напредок во врска со ова прашање, но исто така покажуаа дека, катастрофалните влијанија на сириската војна се уште ги прогонуваат младите.
“Околу 85 отсто од сириските ученици сѐ уште живеат со болните сеќавањата за војната. Видовме дека тие имаат различни ефекти врз женските и машките ученици “, цитира Гулкан Килич (координаторот на проектот), за државната агенција Анадолу, на настан организиран во Истанбул, со цел да ги открие наодите од извештајот.
Килич понатаму образложи дека 47 отсто од сириските студенти имаат потреба од психолошка поддршка.
“Околу 58,3 проценти од машките ученици, имаат тенденција да бидат поагресивни, додека бројката на женските ученици изнесува17,1 проценти. Видовме дека војната предизвика траума кај 47,9 отсто од сириските девојки, да станат интровертни “, рече таа.
“Освен тоа, стравот, апатијата, депресијата и осаменоста отворено ги покажуваат ефектите од војната врз децата”, додаде таа.
Не е секогаш лесно да се детектираат проблемите на децата. Спроведовме многу интервјуа со 252 наставници за прашањето поврзано со сириските деца на возраст од 10-14 години, со цел да дојдеме до пореални резултати, рече Килки.
“Околу 84,7 отсто од наставниците велат дека квалитетот на образованието може да биде или квалификуван како просечен, добар или многу добар. Еден од највпечатливите резултати на извештајот е дека 83,7 проценти од наставниците сѐ уште ги чувствуваат трауматичните чувства на војна и масовна миграција [што децата ги чувствувале] “, рече таа.
Според координаторот, околу 86,5 проценти од машките ученици се уште страдаат од воена траума, додека оваа бројка е 84,5 проценти кај жените.
Стотици сириски деца ги посетуваат училиштата во Истанбул, рече Серкан Гур, заменик-директор на провинциската провинциска дирекција во Истанбул.
“Стапката на образование се искачи на 98 отсто од 70 отсто и оваа стапка е 65 отсто во Истанбул. Овие цифри го покажуваат нашиот постигнат успех, во земја како Турција, која има брз и интензивен проток на мигранти.”, рече тој.
Стапките на школување се релативно пониски кај машките ученици, наспроти женските ученици, според Гур.
Гур, исто така, истакна дека делата на Министерството за образование значително придонесуваат за миграционата политика на Турција.
“Придаваме големо значење на психолошката поддршка за овие ученици да имаат мирен живот, бидејќи доаѓаат од огромни услови на војување”, рече тој.
Многу важен придонес на ова се наставниците во образованието, според заменик-директорот.
“Ние обучивме околу 1.600 наставници задолжени за образованието на сириските деца, и ние продолжуваме да го правиме тоа”, рече тој.
Mahir Demişoski









