Турските и руските сили ја спроведоа првата патрола во сириски Тел Рифат

0
133

Министерството за одбрана на Турција објави информации и фотографии од првата патрола во Тел Рифат.

(Дубаи – Портал) – Турските вооружени сили и Руските вооружени сили ги спроведоа првите одвоени, но координирани патроли во подрачјето на сириски Тел Рифат, пренесува Anadolu Agency (AA).

На официјалниот профил на Твитер на Министерството за одбрана на Турција се објавени информации и фотографии од првата патрола во Тел Рифат.

„Турските вооружени сили и Руските вооружени сили ја спроведоа првата одделна, но координирана патрола во подрачјето на Тел Рифат во рамки на претходно постигнатиот договор, со цел обезбедување примирје во подрачјето на Тел Рифат, обезбедување на стабилноста и спречување на нападите врз нашите елементи“, се вели во објавата на Твитер на турското Министерство за национална одбрана.

Mahir Demişoski