Турција: Четири бегалци, од кои три жени и едно бебе се удавија при потонување на гумен чамец

0
111

(Дубаи – Портал) – Најмалку четири лица, меѓу кои три жени и едно бебе, починаа кога гумен чамец со бегалци потона во турскиот брег на Егејското Море, пренесуваат извори од безбедносните служби.

Бродот со ирански и авгаистански бегалци, кои нелегално се обидувале да преминат на грчкиот остров Лесбос, потонале во областа Ајвавик во северозападната провинција Чанаккеле, а причината сè уште не е позната.

Турската крајбрежна стража, со поддршка на хеликоптери, од водите изнеле тела на три жени и едно бебе, додека спасиле 11 други лица, изјавија извори, кои зборуваа под услов на анонимност поради ограничувањата за разговорите со медиумите.

Напорите за потрага и спасување беа прекинати откако спасените бегалци рекоа дека вкупно 15 лица биле на бродот.

Турција е главната рута за бегалците, кои се обидуваат да влезат во Европа, особено од 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија.

Mahir Demişoski