(Дубаи – Портал) – Струшкото обвинителство го истражува уништувањето на езерската трска. Отворена е постапка против две лица кои се сомничат дека ја сечеле тркста на струшкото крајбрежје и со тоа, се обвинети за оштетување или уништување на добра под привремена заштита. Но, постапка е поведена и против инспектор од министерството за животна средина за кривично дело попречување на правдата.
Еден од осомничените пред 10 дена бил забележан во близина на плажата „Версус“ како со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот осомничен пак го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст. Од обвинителството соопштуваат дека инспектерот од животна средина одбил да излезе на лице место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија.
Mahir Demişoski












