(Дубаи – Портал) -Тројца руски војници загинаа во источна Сирија во милитантниот напад кон крајот на февруари, соопшти Министерството за одбрана во вторникот.
Руските војници се враќаале назад во нивната база откако завршиле со доставување на хуманитарна помош, во едно од селата во градот Деир ез-Зор.
Тие биле фатени во заседа, а подоцна и исчезнале.
Групата, вклучена во нападот, беше пронајдена и уништена, се вели во соопштението на министерството.
Телата на руските војници беа предадени во нивната земја, додаде тој.
Русија започна воена операција во Сирија во септември 2015 година.
Во декември 2017 година, главната воена група се повлече, во моментов само ограничен воен контингент е распореден во воздухопловната база Хмеимин и поморската база во Тартус.
Mahir Demişoski









