(Дубаи-Портал) – Турција покажа остра реакција против последниот потег на американскиот претседател Трамп кој го потпиша претседателскиот указ со кој прогласи дека „официјално го признава суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу покажа реакција на последниот потег на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп кој го потпиша претседателскиот указ со кој Голанските висорамнини, кои инаку и припаѓаат на Сирија, ги призна за израелска територија.

Чавушоглу истакна дека оваа одлука нема да ја легализира израелската анексија на Голанските висорамнини.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во соопштението кое што го објави преку социјалната медија предупреди: „САД уште еднаш го игнорираа меѓународното право. Меѓутоа оваа одлука никако нема да ја легализира анексијата на Израел (над Голанските висорамнини). Спротивно на тоа спречувајќи ги мировните напори на Блискиот истокуште повеќе ќе ја зголеми затегнатоста во регионот.“

Портпаролот на кабинетот на претседателството Ибрахим Калинистакна дека одлуката на САД за признавање на израелскиот суверенитет над Голанските висорамнини е производ на конфронтирачкиот менталитет против мирот.

Калин во соопштението кое што го објави по прашањето рече: „Независно од тоа од чија страна се поддржувани, политиките на окупација и војна, се нелегитимни и нечовечни.

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик својата реакција ја изнесе со зборовите „Потписот на Трамп е нелегален.“

Голанските восорамнини не се територија на Израел, тие се територија на Сирија, територија на Сиријците.“ – рече Челик.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша претседателскиот указ со кој прогласи дека „официјално го признава суверенитетот на Израел над Голанските висорамнини“.

На церемонијата на потпишување на претседателскиот указ во Вашингтон, присуствуваше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Притоа Трамп на церемонијата го употреби изразот „Го признав суверенитетот на Израел над Голан.“

Во меѓувреме, во моментот на потпишување на претседателскиот указ израелски џетови почнаа да ја бомбардираат Газа.

Во градот се слушаат експлозии.

Mahir Demişoski