Градоначалникот на Лондон бара усвојување на јасна дефиниција за исламофобијата во Британија

0
177

(Дубаи – Портал) -Истакнувајќи дека и лично постојано е цел на ториевските антиисламски напади, градоначалникот Кан во отворено писмо ја повика премиерката Меј да ѝ нареди на Конзервативната партија да се позанимава со тие проблеми.

ЛОНДОН (АА) – Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, ги осуди различните и неретко контрадикторни изјави на Ториевците во Велика Британија и во отворено писмо ја повика премиерката Тереза Меј да усвои нова дефиниција за исламофобијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Истакнувајќи дека и лично постојано е цел на ториевските антиисламски напади, градоначалникот Кан во отворено писмо ја повика премиерката Меј да ѝ нареди на Конзервативната партија да се позанимава со тие проблеми.

Весникот „Гардијан“ (The Guardian) јавува дека Кан во писмото навел дека пружањето безбедност на муслиманите во Велика Британија, по страотниот терористички напад на Нов Зеланд, не претставува само политичко прашање.

„Потребно е да се искорени исламофобијата и антимуслиманското малтретирање кое се вовлече во нашето секојдневие и во политичките текови“, порача првиот човек на Лондон.

Опозициската Лабуристичка партија и Либералната демократска партија веќе ја усвоија дефиницијата во која се наведува дека исламофобијата е вид на расизам против муслиманите и муслиманките.

„Од витално значење е сите наши политички партии да бидат предводници на напорите за решавање на тој проблем, и да бидат најдобри примери за заедницата“, порача Кан и додаде дека Конзервативната партија мора да стори повеќе од останатите, и да им даде до знаење на сите дека исламофобијата е неприфатлива.

Најмалку 50 лица беа убиени во неодамнешниот терористички напад врз две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд, а во изминатите денови сѐ почести се нападите врз муслиманската заедница и во Велика Британија.

Потсетувајќи дека за време на изборите го нарекувале и „лудото муле од Лондонистан“, Кан изјави дека отвореното писмо на премиерката не го праќа заради себе, туку поради фактот дека се испраќаат лоши пораки до општеството.

„Не се работи тука само за партиска политика, ова е значително поважно од тоа“, порача Кан и додаде дека усвојувањето на дефиницијата за исламофобијата во британскиот Парламент би била најсилната порака дека за таквата појава нема место во таа земја.

Mahir Demişoski