Во Истанбул се одржува голем предизборен митинг на Народната алијанса која ја предводат владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) и Партијата на национално движење (МХП)
(Дубаи – Портал) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека ќе бидат санкционирани сите оние кои ќе се занимаваат со девизни малверзации во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата валута е лирата, и ние ќе се грижиме за неа. Нема да влегуваме во тие игри, а оние кои ги сервираат ќе го платат нивниот цех“, порача Ердоган на големиот предизборен митинг во Истанбул.
Турскиот претседател истакна дека според официјалната бројка, на митингот во Јеникапи има 1 милион и 600 илјади лица.
Во Истанбул се одржа голем предизборен митинг на Народната алијанса која ја предводат владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) и Партијата на национално движење (МХП).
Митингот се одржа на големо плато во местото Јеникапи, а на присутните им се обрати турскиот претседател и лидер на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган и лидерот на МХП, Девлет Бахчели.
Турските безбедносни сили презедоа максимални мерки, а за безбедност на митингот се ангажирани 7.300 полицајци.
На влезовите на платото беа поставени повеќекратни контролни пунктови.
Беа ангажирани и над 80 амбулантни екипи, а покрај самото плато беше подигната и мобилна болница.
Локалните избори во Турција ќе се одржат наредната недела, на 31 март.
Mahir Demişoski









