Почина еден од главните шпиони на израелската разузнавачка служба „Мосад“

0
122

(Дубаи – Портал) – Рафи Еитан, поранешниот израелски министер и еден од главните шпиони на израелската разузнавачка служба „Мосад“, почина на своја 92 годишна возраст.

Еитан ја предводеше големата операција за апсење на еден од најозлогласените Нацисти – Адолф Ајхман кој побегнал од нацистичка Германија пред самиот крај на Втората светска војна.

Еитан починал откако пред неколку дена бил хоспитализиран во Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми. Еитан, покрај тоа што учествувал во важни операции, тој имал и голема улога во првите години од создавањето на израелските разузнавачки служби.

Mahir Demişoski