Претставници на еврејската заедница порачаа дека на овој начин сакале да ја споделат болката со муслиманите после терористичкиот напад во Нов Зеланд.
Солидарноста со муслиманите по терористичкиот напад во Нов Зеланд продолжува низ целиот свет, а централната синагога во Њујорк во петокот му ги отвори вратите на муслиманите за да ја одржат неделната џума-намаз
Еврејската заедница во Њујорк ја отвори вратата на Централната синагога за муслиманите, која се наоѓа во 55-та улица во Менхетен.
Претставниците на еврејската заедница порЧ дека на овој начин сакаат да ја споделат болката со муслиманите по терористичкиот напад во Нов Зеланд.
– Ние сме соседи, ние сме пријатели, ја делиме вашата болка – порачаа тие.
За време на џума намаз,пред синагогата стоела една еврејка, која во знак со муслиманите ставила хиџаб. Исто така, таа во рацете дрежела држеше рачно напишана табла на која пишувало: “Вашите соседи Евреи со вас”.
После кланањето на џума-намаз, многу Евреи влегле во синагогата и ракувале со муслиманите кои извршиле намаз. Сите заедно испратија порака на единство.










