Турската Црвена полумесечина испрати 15 тони хуманитарна помош за Мозамбик

0
156

(Дубаи – Портал) – Помошта која беше составена од храна и материјали за чистење, како и предмети од други хуманитарни агенции, беше испратена во контењери во поморска пратка во Беира, областа која е најтешко погодена од циклонот Идаи, според Реџеп Бора Атлихан, службеник на Кизилај во главниот град Мапуто.

“Планираме да испратиме 15 тони хуманитарна помош, брзо консумирачка храна и средства за чистење”, во првичната пратка која се очекува да стигне до пристаништето Беира до понеделник, рече Атлихан.

“Ние се обидуваме што е можно побрзо да стигнеме со помошта, на луѓето што имаат потреба и се надеваме дека ќе бидеме успешни”, рече тој.

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), исто така, испрати хигиенски работи и пакети за храна во Беира, кои ќе им помогнат на 600 семејства за 10 дена.

ТИКА работи на ублажување на болката на луѓето, изјави координаторот на програмата Мапуто, Омер Фарук Мерген, додавајќи дека пакетите за помош ќе бидат испорачани на првиот брод што ќе замине од главниот град на Мозамбик.

Истакнувајќи дека распределбата на помошта ќе биде организирана од тимот на ТИКА, Мерген рече: “Не е можно да се стигне до Беира по копнен пат”.

Идаи предизвика огромна штета во Јужна Африка пет дена по зафаќањето на земјиштето во Мозамбик, создавајќи голема хуманитарна вонредна состојба, според ОН.

ОН велат дека од петокот, било потврдено дека најмалку 242 лица загинале од циклонот, а многу области сеуште остануваат преплавени, Додека, Претседателот на Мозамбик, Филипе Нијуси, рече дека верува бројката на загинати може да достигне најмалку 1.000.

Многу области во Мозамбик останаа без струја, а речиси сите мрежи се сериозно оштетени, според ОН.

Mahir Demişoski