Франција им дозволи на безбедносните сили да пукаат на “Жолтите елеци”

0
189

(Дубаи – Портал) – Според извештаите на медиумите, на француските безбедносни сили ќе им биде дозволено да отворат оган, доколку нивните животи или животите на цивилите бидат загрозени за време на протестите на Жолтите елеци што ќе се одржат овој викенд во Париз.

Генерал Бруно Лери, воен гувернер на Париз, во петокот за Радио Франсино изјави дека армијата ќе им помогне на 5.000 полицајци да обезбедат ред за време на протестите.

Тој рече дека безбедносните сили би можеле да “отворат оган” ако нивните животи или цивилите бидат во опасност.

Француската полиција објави дека на Шанзелизе нема да дозволат протести, а демонстрантите ќе бидат оддалечени од улиците околу булеварот “Арка де Триопфте”.

Минатата недела во протестите беа уапсени 192 лица, додека 42 лица, меѓу кои и 17 полицајци, беа повредени.

Жолтите елеци се појавија пред четири месеци како реакција на зголемувањето на трошоците за гориво. Сепак, демонстрациите подоцна се претворија во анти-владини немири.

Според владата на Франција, во време на протестите загинаа 11 лица загинаа, а повеќе од 2.000 беа повредени, 8.400 уапсени и 2.000 осудени на затвор.

Mahir Demişoski