Yayla (Јајла) е турски збор за висорамнини, алпски езерца и планини.
Но, во Турција, тие се многу повеќе од висорамнини, Јајлa во суштина представува начин на живот.

Ридското подрачје на регионот на Црното Море, како и по должината на Медитеранот и Егејското Море, се совршено прилагодени за одгледување на сите диви животни, а во жешките летни месеци, се разбира, можете да имате прекраснен одмор.

Pokut Yayla
Подигнувањето до високиот Покут од 2.170 метри е зачудувачки, а самата висорамнина има неколку убави домови, од кои некои се стари преку 250 години.
Зеленилото и пејсажите на оваа висорамина ја прават прекрасно место за пикник и представува место кое е репрезентативно за една типична убавина на Црното Море.

Suğla Yayla
Оваа убава Јајла се наоѓа во необичното мало село Sarnıç. Се одликува со огромни елки и борови дрвја, и е опкружена со спектакуларна зелена природа.

Uzungöl Yayla
Узунгел е спектакуларно езеро лоцирано во јужниот дел на градот Трабзон.

Постојат над 60 ендемични растителни видови, 59 копнени/водни цицачи и 250 видови птици кои се заштитени околу Uzungöl, а целата природна област е под зачувување.

Gömbe Yayla
Анталија е позната по сонцето, морето и песокот … но кога сакате да се оддалечете од топлината, постои прекрасното одморалиште! Gömbe има ресторани и места за престој и локална култура која е позната по својата гостопримливост.

Bürücek Yayla
Bürücek Yayla за разлика од повеќето типични Јајли, може да се одвои по тоа што се наоѓа релативно во близина на центарот на градот. Таму ветерот дува посилно и обезбедува олеснување од жешкото летно сонце, па затоа е препорачливо еднодневно патување за локалното население кое сака да избега од топлото сонце од градот Адана.

Mahir Demişoski











