Ердоган: „Соочени сме со отворено непријателство кон исламот“

0
117

Ердоган денес во Истанбул говореше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (OIC), по повод терористичкиот напад во Нов Зеланд.

(Дубаи – Портал) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача во Истанбул дека човештвото денес против антиисламизмот треба да се бори со истата решителност со која се борело и против антисемитизмот по катастрофата од холокаустот, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган денес во Истанбул говореше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (OIC), по повод терористичкиот напад во Нов Зеланд.

Порача дека денес на сцена е присутно отворено непријателство кон исламот, односно омраза кон муслиманите.

„Соочени сме со отворено непријателство кон исламот, со омраза кон муслиманите. Ова прашање веќе не е прашање само на политиката, цивилното општество, ниту само прашање со кое треба да се занимава академската заедница преку истражувања. Оваа закана стана прашање за безбедносните единици, државници, па и за граѓаните на улица“, порача Ердоган.

Исто така нагласи дека е неопходно да се заземе заеднички став за да не се повторат никогаш терористички напади и за да не течат реки со крв во џамиите.

„Убиството на 51 наш брат на џума-намазот и ранувањето на 47 од нив никако не може да се гледа како обичен инцидент“, порача Ердоган.

Тој рече дека жртви на растечкиот културолошки расизам не се само муслиманите, туку и Евреи, Африканци, луѓе по потекло од Азија, а жртви се и Ромите. Заради тоа, како што рече Ердоган, потребно е јасно да се искаже ставот.

Додаде исто така дека е потребно неонацистичките организации да се третираат како терористички структури, на начин како што се третираат ДЕАШ, Ал Шабаб, ПКК…

Ердоган истакна дека несреќната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за Голанската Висорамнина го довела регионот пред нова криза, и порача: „Никогаш нема да дозволиме легитимизација на окупацијата на Голанската Висорамнина“.

Mahir Demişoski