„Анка-Аксунгур“ поседува двоен мотор и има висок капацитет на носивост при лет на средни височини. Целта е ова беспилотно летало до служи во долгорочни мисии на височина до 40.000 стапки.
(Дубаи – Портал) – Новото турско беспилотно летало (İHA), со висок капацитет на носивост на товар, успешно го реализираше својот прв лет, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според објавата на Воздухопловната индустрија на Турција (TUSAŞ) на Твитер, беспилотното летало претходно беше именувано како „Анка-2“ (Anka-2), но сега е преименувано во „Анка-Аксунгур“ (Anka-Aksungur).
Во првиот лет, ова беспилотно летало, користејќи ги своите автоматски карактеристики за полетување и слетување, леташе 4 часа и 20 минути.
„Анка-Аксунгур“ поседува двоен мотор и има висок капацитет на носивост при лет на средни височини. Целта е ова беспилотно летало до служи во долгорочни мисии на височина до 40.000 стапки.
Воздухопловната индустрија на Турција го реализираше проектот „Анка-2“ со свои сопствени ресурси, со цел да развие ново беспилотно летало со уште повисок капацитет на носивост на товар.
Ова беспилотно летало ќе спроведува мисии како откривање, набљудување и напаѓање, а ќе може да носи товар од над 700 килограми.
Моторот, кој беше користен за време на процесот на развивање на ова беспилотно летало, ќе се смени со домашниот воздухопловен турбо-дизел мотор ПД170, развиен во рамки на Проектот за развивање на мотори за беспилотни летала од страна на компанијата „Моторни индустрии ТУСАШ“ (TUSAŞ Motor Sanayii).
Новото турско беспилотно летало (İHA), кое е изградено врз платформата „Анка“, е развиено во краток временски период и со поволни трошоци
Mahir Demişoski










