Дубаи: Работник доби отказ и протерување од земјата, поради поздравување на терористичките напади врз џамиите во Нов Зеланд

0
190
Abu dhabi skyline waterfront

(Дубаи – Портал) – Компанија во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) отпушти работник поради што тој го поздравил  минатонеделното масовно убиство на муслимани во смртоносен терористички напад врз две53 џамии во Нов Зеланд.

“Во текот на викендот, вработен во Transguard дадол несоодветни коментари на неговиот Фејсбук профил, и ги поздравил терористичките напади на џамииите во Кристчрч, Нов Зеланд”, се вели во соопштението на Transguard.

Компанијата соопшти дека вработениот бил депортиран од ОАЕ, но не ја прецизирале неговата националност.

“Ние имаме политика на нулта толеранција за несоодветната употреба на социјалните медиуми, и како резултат на тоа, таа индивидуа веднаш беше прекината и им се предаде на властите за да се соочат со правдата”, изјави директорот Грег Вард.

Најмалку 50 лица загинаа кога еден терорист отвори оган врз муслиманите за време на петочната молитва во џамиите Ал Нур и Линвуд во Кристчрч, Нов Зеланд.

Четворица се осомничени од кои тројца мажи и една жена – биле уапсени, додека еден од осомничените, наводно подоцна бил ослободен.

Mahir Demişoski