(Дубаи – Портал) – Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес конференција со својот грчки колега Георгиос Катроугалос во Анкара рече: „Ниту еден проект во Источниот Медитеран од кој ќе биде исклучена Турција нема да биде реалистичен“.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со својот грчки колега Георгиос Катроугалос кој допатува во работна посета на Анкара.
По средбата лице в лице и разговорите помеѓу делегациите на двете земји, двајцата министри за надворешни работи Чавушоглу и Катроугалос одржаа заедничка прес конференција.
Во оваа пригода министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека ниту еден проект во Источниот Медитеран од кој ќе биде исклучена Турција нема да биде реалистичен.
Чавушоглу во врска со резервите на јагленоводороди во Источниот Медитеран и во околината на Кипар рече: „Ниту еден проект во кој не е вклучена или е исклучена Турција не е реалистичен. Турција располага со свои права во рамките на меѓународното право.“
Грчкиот министер за надврорешни работи Георгиос Катроугалос рече: „И Турција располага со свои права во Источниот Медитеран и ние сме свесни за тоа.“
Mahir Demişoski








