(Дубаи – Портал) – За време на операцијата на турските безбедносни сили во руралното подрачје на населеното место Силопи кај градот Ширнак, во близина на турско-ирачката граница, експлодира експлозивна направа од рачна изработка, при што еден војник загина, а еден е ранет.

Во експлозија на експлозивна направа од рачна изработка за време на операцијата на турските безбедносни сили во руралното подрачје на населеното место Силопи кај градот Ширнак, во близина на турско-ирачката граница, животот го загуби еден војник, а еден војник е ранет.

Единиците на Командата за јавен ред во Џизре во руралното подрачје на населеното место Силопи реализираа операција по име „Жандармериски капетан Јунус Челеби“ против терористите членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Притоа за време на активностите за пребарување на теренот експлоздира експлозивна направа од рачна изработка поставена од страна на терористите на ПКК.

Во експлозијата беа ранети двајца војнници кои со помош на хеликоптер беа пренесени во Државната болница во градот Ширнак.

Меѓутоа и покрај сите напори на лекарите едниот од ранетите војници им подлегна на раните и го загуби животот, а лекувањето на вториот ранет војник продолжува.

Турските безбедносни сили продолжуваат со операцијата во подрачјето.

Mahir Demişoski