(Дубаи – Портал) – Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака со честитка по повод „21 Март Светскиот ден на Невруз“ (Празникот на пролетта).
Ердоган во пораката посака Невруз, како наговесник на пролетта, да се слави како празник на љубовта и пријателството.
Претседателот Ердоган напиша: „Го честитам Невруз, симболот на доаѓањето на пролетта, кој што за нас значи да се надминат сите разлики, да се застане во одбрана на минатото и иднината, во единство и сплотеност.“
„Ние кои разликите ги прифаќаме и оценуваме за богатство, како претставници на една цивилизација со универзални вредности како што се мирот, толеранцијата, љубовта и братството; секогаш ќе застанеме во одбрана на оној дух на наново раѓање, заживување кое го претставува Невруз. И покрај негативностите кои што се доживуваат во нашиот регион и во светот, ќе продолжиме да водиме борба со силата што ја добиваме од нашата сопствена историја.“ – порача Ердоган.
Посакувајќи Невруз, наговесникот на пролетта, да се слави како празник на љубовта и пријателството во сите делови на земјата, ѝ во заедничката културна географија, ѝ кај братските заедници, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака го подвлече и следното: „Посакувам Невруз, празникот на изобилството и берикетот, да му донесе убави работи и добрина на нашиот честит народ, и му го честитам на сите мои граѓани со најсрдечни чувства.“
Mahir Demişoski











