(Дубаи – Портал) – Полициската станица од Струга, ќе поденсе пријава против двајца жители на селото Горно Татеши поради извршен физички напад врз жител на Кичево.
На деветнаесетти март оваа година околу 10 часот и 30 минути, на улицата „Партизанска“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.А.(20) од струшкото село Горно Татеши врз З.М. (63) од Кичево. Тој, претходно добил вербални закани од Р.А.(48) од истото село. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против двајцата пријавени ќе поднесе соодветна пријава.
Mahir Demişoski









