(Дубаи – Портал) – После долгото одложување на процесот на идентификување, кој ги налути на семејстват на жртвите, утрово се заврши првото џеназе на Сиријците Мустафа и неговиот син Хамза, кои загинаа при терористичкиот напат на џамиите во Крајстчрч, Нов Зеланд.
Стотици претежно муслимански ожалостени лица се собраа изутрина на гробиштата, недалеку од џамијата Линвуд.
Таму ги обавија верските прописи и ги погребаа Калед Мустафа и неговиот 15-годишен син Хамза.
Мустафа и неговото семејство пристигнале минатата година како бегалци во Нов Зеланд, кои побарале засолниште од војната во Сирија.
Помладиот брат Заид (13) кој е тешко ранет, но ја преживеа несреќата, на џеназето присуствуваше во инвалидска количка.

Џамил Ел-Биза, кој дојде од областа Сиднеј за да присуствува на погребите, изјави за АФП дека Захид рекол: “Јас не треба да стојам пред вас, треба да лежам покрај вас”.
Исто така на погребот присуствуваше, Абдул Азиз, бегалецот од Авганистан кој храбро се соочи со напаѓачот во џамијата Линвуд.
Алаби Латеф од Линвуд, кој му се спротивставил на напаѓачот, изјави за АФП дека, тој и уште неколку други помогнале, Мустафа и неговиот син да бидат подготвени и погребании според исламската традиција
“Помогнав при миењето на телата”, изјави тој за АФП.
Исламскиот обичај диктира дека луѓето треба да бидат погребани што е можно поскоро, но обемот и уништувањето на масакрот во петокот – во кој загинаа 50 лица во тивкиот јужен град на Нов Зеланд – го одложи предавањето на телата на најблиските.
Полицискиот комесар Мајк Буш, рече дека процесот е бавен поради потребата да се идентификуваат жртвите и да се избегне попречувањето на обвинителството.
Доцна во вторникот се идентификувани 21 жртв, рече тој.
Околу 120 луѓе работаат на тоа да “обезбедат апсолутна точност во процесот на идентификација” и да се поврзат со семејствата, кои изразија лутина поради бавното темпо на процесот.
Mahir Demişoski











