Турција: Хуманитарната организација „ИХХ“ испрати 4 милиони литри чиста вода за илјадници лица во Јемен

0
111

„ИХХ обезбеди 4 милиони литри вода за задоволување на потребите од вода за пиење на семејствата во југозападната покраина Таиз и источната покраина Мариб за еден месец“

(Дубаи – Портал) – Турската хуманитарна организација ИХХ достави 1.000 цистерни со вода за семејствата во Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).

Организацијата соопшти дека Јеменците во регионот имаат потешкотии со пронаоѓање на чиста вода поради сушата и граѓанската војна.

„ИХХ обезбеди 4 милиони литри вода за задоволување на потребите од вода за пиење на семејствата во југозападната покраина Таиз и источната покраина Мариб за еден месец“, се вели во соопштението на ИХХ.

Од Организацијата, исто така соопштија дека чистата вода во подрачјето погодено од војна, каде што епидемиите се широко распространети, е од суштинско значење за нивното спречување.

Оваа хуманитарна организација спроведува нови активности во Јемен од првиот ден на кризата и обезбеди помош за над 340.000 лица во 2018 година.

Јемен од 2014 година е зафатен од судири, кога движењето на Хусите зазеде голем дел од земјата. Кризата ескалираше во 2015 година, кога коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна воздушна кампања, чија цел беше враќање на териториите заземени од Хусите.

Долгогодишните судири уништија голем дел од инфраструктурата на Јемен, поради што Обединетите нации (ОН) ја опишаа ситуацијата во земјата како една од најлошите хуманитарни катастрофи во поновата историја.

Mahir Demişoski