Во Парламентот на Нов Зеланд читани делови од Кур’анот за жртвите од терористичките напади

0
107

(Дубаи – Портал) – Во Парламентот на Нов Зеланд читани се делови од Кур’анот за жртвите од терористичките напади изведени на 15 март во две џамии во градот Крајстчрч, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во Парланемтот на Нов Зеланд се прочитаа стиховите од 153 до 156 од сурето Ел-Бекара, за жртвите од терористичките напади на 15-ти март во двете џамии во градот Крајстчрч.

Читањето на стиховите од сурето Ел-Бекаре го започна имамот Низам-уч Хак Танви, кој на крајот од арапски ги преведи на англиски јазик.

„Еј, вие што верувате! Побарајте помош со трпение и молитва. Без сомнение, Господ е покрај оние кои имаат трпение (153). И не велете за оние кои се убиени на Божјиот пат „Мртви се“. Не, тие се живи, но вие тоа не можете да го знаете (154). Ќе ве ставиме на искушение со малку страв и глад, со губење на вашиот имот, животи и посеви. А ти израдувај ги трпеливите (155). Оние, кои кога ќе ги снајде некаква неволја, само ќе кажат „Ние сме Господови и Нему ќе му се вратиме (156)“.

Во веста што го придружува видеото објавено на интернет од страна на новозеландската државна телевизија, се истакнува реченицата „Импресивната молитва на имамот одекна во Парламентот“.

Претседателот на Парламентот, Тревор Малард, рече „Денес во знак на единството и заедништвото, од една група побарав заедно со мене и верскиот лидер да влеземе во Парламентот. Денешното отворање, поради молитвата, ќе биде подолго од вообичаеното.“

Премиерката Ардерн исто така се обрати во собранието, каде започна со поздравот „Селам алејкум“

По отворањето на седницата, во име на Владата, прва збор зеде премиерката Ардерн, која своето обраќање го започна со зборовите „Селам алејкум“ („Божји мир да е со вас“).

Споменувајќи ги загинатите во терористичкиот напад, Ардерн рече „Тие беа Новозеланѓани. Бидејќи тие сме ние, нивната жалост ние ја оплакуваме.“

Ардерн им изрази сочувство на семејствата на починатите во нападот и продолжи со зборовите „Не постои начин да ја споделиме вашата болка во целост, но ќе бидеме со вас на секој чекор.“

Премиерката Ардерн им се заблагодари на храброста на оние кои се обиделе да го запрат терористот и на полицајците кои го привеле.

На 15 март во градот Крајстчрч на Јужниот Остров на Нов Зеланд, за време на петочната молитва, во интервал од 10 минути, изведени се два терористички напади во џамиите „Ел Нур“ и „Линвуд“, во кои животот го загубија 50 лица.

Mahir Demişoski