Ердоган: Ќе платиш за тоа. Ако Нов Зеланд не го стори тоа, ние ќе те натераме да платиш

0
159

(Дубаи – Портал) – Терористот кој минатата недела уби и повреди околу 100 верници во две џамии во Нов Зеланд, ќе плати за тоа, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ќе платиш за тоа. Ако Нов Зеланд не го стори тоа, на еден или на друг начин ние ќе направиме да платиш“, нагласи Ердоган при обраќањето на предизборниот митинг во турската црноморска област Зонгулдак.

Најмалку 50 лица загинаа, и исто толку беа повредени кога терорист отвори оган врз верниците за време на петочната молитва во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч, третиот по големина град во Нов Зеланд.

Терористичкиот напад беше пренесуван во живо на социјалните медиуми, и беше проследен со објавување на расистички, исламофобичен манифест, во кој, исто така се споменува и Турција.

За нападот е обвинет Брентон Харисон Тарант, 28-годишен Австралијанец.