Венецуела ја осуди одлуката на САД за предавање на дипломатските објекти

0
123

Момчето кое со јајце го погоди австралискиот сенатор Фрејзер Анинг поради изјавата за терористичкиот напад на Нов Зеланд, сака на семејствата на жртвите да им испрати помош што е собрана за негова одбрана пред суд.

(Дубаи – Портал) – Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаза, остро ја осуди одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за предавање на дипломатските објекти во Вашингтон на опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Американската администрација го предаде раководењето со три дипломатски објекти, две згради кои беа во сопственост на Министерството за одбрана на Венецуела и една конзуларна зграда во Њујорк, на претставникот на венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо, Карлос Вечио.

„Дипломатскиот имот на Венецуела во САД може да го корисат само официјални лица кои ја претставуваат Владата на претседателот Николас Мадуро“, се вели во соопштението на министерот Ареаза.

Тој нагласува дека одлуката е во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, додавајќи дека дури и при прекин на дипломатските односи, Венецуела ги почитува правата на САД врз Амбасадата во Каракас.

Венецуела е зафатена од протести уште од 10 јануари, кога Мадуро положи заклетва за својот втор мандат како претседател, по изборите кои беа бојкотирани од страна на опозицијата.

Тензиите се зголемија кога Хуан Гваидо се самопрогласи за вршител на функцијата претседател на 23 јануари, потег поддржан од САД и многу европски и латиноамерикански земји.

Турција, Русија, Кина, Иран, Боливија и Мексико му дадоа поддршка на Николас Мадуро.

Mahir Demişoski