Утрехт: 3 лица застрелани, 5 повредени. Напаѓачот уапсен во Данска

0
143

(Дубаи – Портал) – Осомничениот за оружениот напад во кој застрела три лица, а повреди петмина, отворајќи оган врз патниците во трамвај во холандскиот град Утрехт, е уапсен, соопштија официјални претставници, јавува Anadolu Agency (AA).

Апсењето на осомничениот Ѓокмен Таниш (37), го соопшти Јан ван Занен, градоначалникот на Утрехт, заедно со портпаролот на Обвинителството, само неколку часа по инцидентот.

Занен истакна дека причините за нападот на плоштадот „24 Октомври“ сè уште се нејасни.

Претходните наводи сугерираат дека инцидентот може да е предизвикан од семеен спор.

Апсењето на осомничениот го потврди и портпарол на полицијата, Роб ван Бри.

Mahir Demişoski