„Манифестот го има подготвено посебен совет; зад ова стои сериозен круг на луѓе…“
(Дубаи – Портал) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека манифестот во врска со терористичкиот напад во Нов Зеланд е подготвен од еден посебен круг, јавува Anadolu Agency (AA).
„Манифестот го има подготвено посебен совет; зад ова стои сериозен круг на луѓе. Зошто не му се слуша глас на Западот? Зошто молчат западните медиуми? Ова го пронашле, го подготвиле и му го дале в раце“, рече Ердоган.
Турскиот претседател во врска со преговорите со Европската Унија истакна дека ЕУ не може да ги запре преговорите за пристапување на Турција во таа заедница, бидејќи Турција им е потребна.









