Казахстан ќе ја добие најголемата џамија во Централна Азија

0
99

Џамијата со капацитет од 30.000 лица се планира да се изгради на простор од 57.000 квадратни метри

(Дубаи – Портал) – Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, го постави камен-темелникот на најголемата џамија во Централна Азија, која ќе биде изградена во главниот град, Астана, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Назарбаев во својот говор на церемонијата на поставување на камен-темелникот на џамијата со капацитет од 30.000 лица, која ќе се наоѓа до изложбениот простор EXPO 2017, рече дека џамијата нема да биде само место за богослужба, туку и важен симбол на градот, кој ќе биде посетуван од страна на туристите.

„Минатата недела отидов во Обединетите Арапски Емирати и ја посетив џамијата „Шејх Зајед“. И покрај тоа што во употреба е пуштена пред 3-4 години, џамијата годишно е посетена од 6 милиони туристи“, истакна Назарбаев.

Тој, нагласувајќи дека џамијата ќе биде финансирана од бизнисмени и доброволни лица, рече дека тоа ќе биде најголемата џамија во регионот.

Според проектот, џамијата ќе биде изградена на простор од 57.000 квадратни метри, а висината на минарињата е планирано да изнесува 130 метри.

Името на џамијата и кога ќе почне изградбата сè уште не е познато.

Најголемата џамија во Централна Азија, позната како „Хазрети Султан Џамија“, се наоѓа во Астана, пуштена е во 2012 година, и е изградена на 17.700 квадратни метри затворен простор.

Џамијата „Имам Серахси“, во Бишкек, главниот град на Киргистан, со капацитет од 30.000 лица, е изградена од страна на турската фондација „Дијанет“ на површина од 7.500 квадратни метри.

Џамијата „Туркбенбаши Рухи“, во Ашкабат, Туркменистан, отворена во 2004 година, зафаќа површина од 18.000 квадратни метри, а нејзиниот капацитет е 10.000 лица.

Mahir Demişoski