Полицијата започна потера по напаѓачот и не ги отфрла можните терористички мотиви, како ниту можноста зад нападот да стојат повеќе извршители
(Дубаи – Портал) – Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен, соопшти дека најмалку три лица загинале, а девет се ранети во пукањето во трамвај што се случи денес во тој холандски град, јавува Anadolu Agency (AA).
Ван Занен рече дека терористички мотив е најверојатната позадина на нападот.
Холандската полиција соопшти дека трага по лицето Ѓокмен Таниш, кој е осомничен за нападот.
Полицијата соопшти дека за нападот е осомничен 37-годишниот Ѓокман Таниш, со потекло од Турција, а граѓаните се повикани да ѝ јават на полицијата доколку имаат какви било информации за неговата локација. Дополнително е објавена исправка на идентитетот на осомничениот во Ѓокмен Таниш.
Полицијата започна потера по напаѓачот и не ги отфрла можните терористички мотиви, како ниту можноста зад нападот да стојат повеќе извршители.
Холандските власти издадоа максимално предупредување за терористичка закана во градот, а воената полиција воведе максимални безбедносни мерки на аеродромите и во близина на важните објекти во Холандија.
Портпаролот на полицијата, Бернхард Јенс, соопшти дека сè уште нема уапсени лица, и дека се претпоставува оти сторителот од местото на нападот избегал со возило.
Германските власти воведоа максимални безбедносни мерки на границата со Холандија. Од германската полиција соопштија дека се во контакт со своите холандски колеги и имаат опис на напаѓачот.
Mahir Demişoski










