„Тој масакр покажува колку пораснала омразата и непријателството на исламофобниот и фашистички тероризам кон исламот, Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган“
(Дубаи – Портал) – Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, најостро го осуди неодамнешниот терористички напад во Нов Зеланд и го нарече терористички, расистички и организиран напад, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тој масакр покажува колку пораснала омразата и непријателството на исламофобниот и фашистички тероризам кон исламот, Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган“, порача Акар на манифестацијата на одбележувањето на Денот на сеќавањето на шехидите (загинатите херои) и на 104. години од поморската Битка кај Чанаккале, позната и како Битка кај Галиполе.
Mahir Demişoski










