
(Дубаи – Портал) – Во неделата во западна Африка, Мали, се случи терористички напад во кој загинаа 21 војник.
Турција денес го осуди терористички напад во неделата во централниот дел на Мали, западна Африка.
“Ние сме тажни поради терористичкиот напад врз безбедносните сили во централниот регион Мопти во Мали”, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Најмалку 21 војник од Малианци беа убиени, кога милитантите упаднаа во воениот камп во градот Диура во регионот Мопти рано во неделата, објавија локалните медиуми.
“Го осудуваме овој терористички напад и изразуваме сочувство на братскиот народ и владата на Мали и ја посакуваме милоста на Аллах, кон оние што ги загубија своите животи и брзо опоравување на повредените”, се додава во соопштението.
Тензиите во Мали, за прв пат избувнаа во 2012 година по неуспешниот државен удар и бунтот на Туарег, кој на милитантите кои ги поврза со Ал Каеда, им дозволи да ја преземаат контролата врз северната половина на земјата.
Во 2015 година беше потпишан мировен договор помеѓу владата и некои бунтовнички групи.
Политичките и заедничките спорови и натаму ги поттикнуваат тензиите во северниот дел на Мали, со што се поткопува спроведувањето на мировниот договор.
Mahir Demişoski








