(Дубаи – Портал) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе се соочи со дисциплинска постапка поради прославата на еден од неговите три голови против Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите.
Од УЕФА велат дека во четврток, Португалецот ќе се соочи со дисциплински третман поради неговото несоодветно однесување за време на возвратниот натпревар против Атлетико Мадрид, во кој Јувентус победи со 3:0
Роналдо го прослави голот на сличен начин како и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој на исти таков начин го прослави првиот гол во првиот натпревар на својот тим.
Симеоне поради ваквата прослава, е казнет со 20.000 евра.
Во соопштението на УЕФА стои: “По дисциплинска истрага спроведена од страна на етиката на УЕФА и дисциплинскиот инспектор, согласно член 55 од Дисциплинската регулатива на УЕФА, дисциплинската постапка е отворена по натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид”.
Mahir Demişoski










