Саудиска Арабија: Тех Махиндра го назначи Турки Абдуллах Алнадер за нов потпретседател

0
222

(Дубаи – Портал) – Тех Махиндра која е дел од индиската групација Махидра,  го назначи Турки Абдуллах Алнадер за потпретседател за продажба за нивната телекомуникациска дивизија, на територијата на Саудиска Арабија.

Алнадер е индустриски инженер образован во САД и има високо професионално искуство од 14 години работа во телекомуникацискиот сектор. Тој исто така има работано на програмирање и управување со проекти, Б2Б продажба и стратешко планирање.

Тех Махиндра во Саудиска Арабија е присутнаод 2006 година и соработува со повеќе од 30 активни клиенти.

Mahir Demişoski