Еве, веке неколку денови, на регионалниот пат кој ја поврзува општина Струга со Вевчани,група на вевчанци со одлука на нивната општина започнаа на самиот заврток односно раскарница која се поврзува со Дебар-Струга, а во нашата населба ова место викано Кореа запчнаа да изведуваат градежни работи односно според нив изградба на свод под кој сега сите заедно ќе се движиме демек како во филмовите.
Меѓутоа се поставуваат неколку прашања:
1. Според законот за транспорт и врски, а кој се однесува на изградба и оддржување на патишта, ваква градба во ниту било кој случај не треба да биде изведена.
2.Какви обележја ќе бидат поставени на него ( патоказ за населба) или недај боже некакво си верско обележје (недај боже), ама од овие вевчанци и тоа може да се очекува.
3.Дали одлука за вакво нешто може да си донесе самата општина, без довола од Министерството за Транспорт и Врски.
Ама како и да е Вевчанците си продолжуваат со градба и ич гајле си немаат, а кај нашиот народ во Подгорци, само дилеми или како што велат:
Абе, бате и крст ќе ставеле овие како да не се за сожителство господ да ги очисти, замисли во овој дел од населбиве тие да беа повеќе, каде сега ќе бевме ние, овие ќе не протераа, згора на тоа кога застанав да ги прашам што прават, во еден дел од разговорот ми рекоа,( слушај дете вашиот пат може да биде и од онаа страна, ова е наш пат), вака раскажува еден наш сограѓанин за настанот кој му се случил со овие така наречени луѓе (вевчанци).
А, другите оние помалку радикални велат: добро тогаш ние ќе ставиме кон нашава населба патоказ на Албански јазик, согласно законот за двојазичност а тие нека се обидат да го истет. (Вевчанците секогаш ги вадеа овие патокази кои беа пишувани на албански јазик).
Вака накратко размислуваат сите мои сожители подгорчани, а јас пак си размислувам зарем немаме општина, зарем немаме политичка партија, зарем немаме наши представници, да излезат пред народот да им објаснат за што станува збор и дека нема тука нема ништо лошо.
Ама по се изгледа немаме ништо ( ни партија, ни општина, ама баш ништо), па и убо ни се прајт.
Овие доаѓаат и само ветуваат вработувања градење и тн се (ветар во магла), така да додека тие продаваа ветар и магла другите маглата и ветрот ги спојуваат и прават визуелна работа која се гледа и останува, ама од нашиве не останува ништо.
Се надевам дека нема да се случи ништо лошо односно ќе преовладува разбирањето доколку го има.
А, за овие наши политичари кои немаат ни страм ни намус, ќе зборуваме во друга пригода, а се разбира доколку се пројави и текст од некој наш член.
Овој текст е пишуван од еден наш член, и на него се проследени заедно со Администраторот на овој портал и направени одредени корекции.











