Претседателот Ердоган објави порака по повод 104. годишнината од извојуваната победа на Чанаккале

0
112

(Дубаи – Портал) – Претседателот Ердоган во пораката истакна дека нема да се отстапи од независноста, иднината и слободата на турскиот народ.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод одбележувањето на 104 годишнината од извојуваната победа на Чанаккале и 18 март Денот на сеќавање на шехидите (паднатите борци).

Ердоган во својата порака истакна дека нема да се отстапи од независноста, иднината и слободата на турскиот народ.

Тој во пораката напиша: “Како потомци на шехидите (паднатите борци) на Чанаккале никогаш нема да отстапиме од нашата независност, иднина и слобода.”

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката го истакна и следното: „И денеска, со одлучност се спротивставуваме на игрите кои сакаат да се одиграт над нашата земја и на предавничките планови насечени против нашиот народ, рамо до рамо со сите наши граѓани, жени, мажи, млади и стари, со  непоколебливост работиме за изградба на нашата светла иднина.”

Mahir Demişoski