(Дубаи – Портал) – Претседателот Ердоган истакна дека ќе биде ајирлија (добро) доколку Европската унија (ЕУ) донесе одлука за стопирање на преговорите за членство со Турција, но напомена дека ЕУ не може да донесе таква одлука.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа пред насобраниот народ на митингот во градот Измир потсети на одлуката која што пред неколку дена беше донесена од страна на Европскиот парламент (ЕП) за стопирање на преговорите на Турција за членство во Европската унија (ЕУ).
Ердоган истакна дека ќе биде ајирлија (добро) доколку Европската унија (ЕУ) донесе одлука за стопирање на преговорите за членство со Турција, но напомена дека ЕУ не може да таква одлука.
Велејќи дека Европскиот парламент (ЕП) ја напаѓа Турција со образложенија кои што се состојат од аргументи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Да изнајдат можност ниту за момент нема да се двоумат да ја предадат Турција на терористичките организации. Еј Европски парламенте (ЕП) велиш ‘да ги сопреме преговорите на Турција со Европската унија (ЕУ)’. Добро колку убаво, ајде. Твоите одлуки немаат никакво значење, тоа е друго, меѓутоа доколку Европската унија (ЕУ) донесе една таква одлука колку тоа би било убаво, колку би било ајирлија (добро). И ние ионака ја очекуваме оваа ваша одлука. Донесета ја таа одлука, ние сме спремни. Но не можат да ја донесат.“
Mahir Demişoski











