(Дубаи – Портал) – Двајца турски војници загинаа, а осум други се повредени во вчерашниот во судир за време на операциите во северен Ирак, објави турското Министерство за одбрана.
Шестмина милитанти, меѓу кои и една жена, беа “неутрализирани” за време на операциите, објави министерството во изјавата. Турската војска го употребува терминот неутрализирање кога некој убие, зароби или рани милитанти.
Турција редовно спроведува воздушни напади на базите на ПКК во северен Ирак, бидејќи претседателот Тајип Ердоган ја следи својата цел да стави крај на присуството на милитантната група во близина на границите на Турција.
ПКК, наведена како терористичка организација од Турција, САД и Европската унија, водеше тридецениска војна на југоисточниот дел на Турција, во која загинаа околу 40.000 луѓе.
Mahir Demişoski










