Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, на прес-конференција изрази благодарност за доаѓањето на турската делегација.
(Дубаи – Портал) – Турска делегација на високо ниво денес пристигна во градот Крајстчрч, во Нов Зеланд, за да им оддаде почит на жртвите од двојниот терористички напад во петокот, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпретседателот на Република Турција, Фуат Октај, и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, беа пречекани од турскиот амбасадор во Велингтон, Ахмет Ергин.
Се очекува во текот на утрешниот ден да ги посетат местата каде што се случија крвавите напади.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, на прес-конференција изрази благодарност за доаѓањето на турската делегација.
„Делегацијата од Турција, земја со мнозинско муслиманско население, пристигна со цел да ја покаже својата поддршка за муслиманите“, рече Ардерн.
Најмалку 50 лица загинаа кога напаѓач отвори оган врз верниците за време на петочната молитва (џума-намаз) во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч.
Како што истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердодан, меѓу повредените во нападите има и тројца Турци.
Mahir Demişoski








