(ВО ЖИВО) Упад на демонстранти во просториите на РТС во Белград

0
126

 

(Дубаи – Портал) И вечерва антивладините демонстранти во Белград го одржаа протестниот марш ,,Еден од пет милиони” на улиците на главниот град.

Демонстрантите предводени од Драган Ѓилас лидер на опозициската партија Сојуз за Србија, по протестот се упатиле кон зградата на РТС и бараа да бидат гости во Дневникот во 20 часот.

Стотици демонстранти упаднале во зградата на РТС , националниот телевизиски сервис , на чело со лидерот на движењето ,,Двери” , Бошко Обрадовиќ. Претходно , пред влезот на РТС ги блокирале двата влеза во телевизиската зграда и изјавиле дека внатре ќе останат два часа.
Според новинарските извештаи на телевизијата Н1, светлата во зградата на РТС се изгаснале , освен оние на најгорниот кат.

По влезот на демонстрантите веднаш е пристигната полиција која барала да ја напуштат зградата.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ ги повикал веднаш да ја напуштат зградата и се заканил дека граѓаните ќе бидат исфрлени со сила.

Mahir Demişoski