(Дубаи – Портал) Салвини стравува од одмазда на радикалните структури за да не добие некој како Австралијанецот во своите следбеници во Италија.
,,Одборот за стратегиска антитерористичка анализа утрово одржа вонредна седница , по терористичкиот напад во двете џамии во Нов Зеланд. Нема никаква поврзаност меѓу извршителот на нападот и Италија , но нашите разузнувачки служби се алармирани и ја следат состојбата. Ќе се зголемат мерките за надзор со цел да се избегне опасноста и извршителот на масакрот да добие свои следбеници, како и да се избегне одмазда во радикалните кругови.” , соопшти Салвини.
Тој , како лидер на владејачката партија ,,Лига” , често пати е на удар на опозицијата дека поттикнува расистичка и исламофобна напнатост. На локално ниво членовите на неговата партија секогаш се противат на изградбата на џамии.
Mahir Demişoski










