„Терористот направи масакр и мора соодветно да биде казнет“

0
163

„Наводно повеќепати доаѓал во Истанбул. Се работи на тоа, ќе ги откриеме неговите врски. Секако, сакаме Нов Зеланд да го изведе пред лицето на правдата. Не сакаме тоа да биде само така да одлежи одреден период и да излезе надвор”, рече Ердоган.

(Дубаи – Портал) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека турските истражни органи работат на сознанијата дека терористот кој вчера уби 49 лица во Нов Зеланд, порано престојувал во Истанбул, и ги истражуваат неговите врски, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган се обрати на насобраните граѓани во западниот турски град Текирдаг, а една од темите беше и вчерашниот терористички напад во Нов Зеланд, каде што терорист упадна во џамија за време на петочната молитва во градот Крајстчерч и уби најмалку 49 лица.

„Наводно повеќепати доаѓал во Истанбул. Се работи на тоа, ќе ги откриеме неговите врски. Секако, сакаме Нов Зеланд да го изведе пред лицето на правдата. Не сакаме тоа да биде само така да одлежи одреден период и да излезе надвор. Тоа не смее да се случи. Уби 49 лица, тоа е масакр и за тоа треба соодветно да одговара. Секаков друг начин би бил погрешен“, рече Ердоган.

Ердоган, исто така запраша како е можно на потполно друг крај на светот да постои еден убиец, чија глава е толку наполнета со интриги за муслиманите и Турците.

„Терористичкиот напад во Нов Зеланд и пораките кои ни ги праќаат преку него не се први“, изјави Ердоган.

Mahir Demişoski

„Добиваме вести дека секој ден во Европа се вршат напади врз нашите граѓани, врз нивните здруженја, џамии, деловни простории. Терористичкиот коридор за кој се врши обид да се формира до нашите граници, е дел од ова сценарио. Нивниот проблем не е Таип Ердоган. Нивниот проблем не е АК Партија, ниту пак Народната Алијанса која ја формиравме со Партијата на национално движење (МХП). Нивниот проблем е директно Турција и турскиот народ“, додаде Ердоган.