Зборувајќи на аеродромот „Истанбул“, пред да замине за Нов Зеланд, Фуат Октај изјави: „Овој терористички акт, за жал, уште еднаш ни покажа дека не постојат граници на непријателството кон исламот.“
(Дубаи – Портал) – Турскиот потпретседател Фуат Октај, по вчерашните терористички напади на џамиите во Нов Зеланд, денес ја повика меѓународната заедница да застане против исламофобијата, ксенофобијата, радикализмот и расизмот, јавува Аnadolu Agency (AA).
Зборувајќи на аеродромот „Истанбул“, пред да замине за Нов Зеланд, Фуат Октај изјави: „Овој терористички акт, за жал, уште еднаш ни покажа дека не постојат граници на непријателството кон исламот.“
„Го повикуваме целиот свет да застане против исламофобијата, ксенофобијата, радикализмот и расизмот“, изјави Октај.
„Преземањето ефективни мерки против проблемите поврзани со исламофобијата, покрај тоа што е неопходно, стана клучно во денешниот свет“, додаде тој.
„Турција, како земја која претрпе големи жртви од тероризмот и се спротивстави на сите форми на тероризмот, ќе застане со Нов Зеланд во борбата против тероризмот“, рече турскиот потпретседател.
Потпретседателот Фуат Октај замина во посета на Нов Зеланд во придружба на министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Во терористичкиот напад во градот Крајсчерч, во две џамии за време на петочната молитва убиени се најмалку 49 лица, а повеќе од 42 се повредени.
Mahir Demişoski










