(Дубаи – Портал ) Австралиецот Брентон Тарант(28), кој вчера изврши терористички напад врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч и уби 49, а рани 40 муслимани, е изведен пред суд.
Судењето е затворено за јавност, само акредитирани новинари имаат пристап. И покрај тоа огромен број луѓе се собраа пред судницата. Дел од нив извикуваа дека обвинетиот треба да се линчува пред да биде сослушан. Токму кога требаше да биде изведен пред судот едно лице извади нож и се обиде да влезе во судницата. На новинарите, наводно, им рекол дека сака да го убие.
Тарант во бела затворска облека и лисици на рацете стоеше пред судијата, но одби да се изјасни за тероризмот што го изврши и пренесуваше во живо на социјалните мрежи. Со прстите направи „Ок“ сигнал – симбол кои го користат белите расисти ширум светот. Судот закажа повторно рочиште на 5 април, кога најверојатно ќе биде прочитано и обвинението, во манифестот на 73 страници кој полудениот расист го закачи на интернет пред масакрот меѓу останатото стои дека не жали поради крвавиот пир.
Mahir Demişoski










