(Дубаи – Портал) – Наем Рашид, мажот кој се обиде да му го одземе оружјето на терористот Брентон Тарант за време на нападот врз џамија во Крајстчерџ, им подлегна на повредите.

Рашид се обидел да го совлада 28-годишниот напаѓач откако овој почнал да пука во џамијата Масјид ал ноор во Крајстчерч, Нов Зеланд вчера попладнето.

За жал, после неговиот херојски чин бил тешко ранет бидејќи скокнал на убиецот за да ги заштити останатите верници. Бил пренесен во болница по нападот, но не успеа да преживее.

Рашид е по потекло од Аботабад, Пакистан каде работел во приватна банка, а откако се преселил во Нов Зеланд почнал да работи како учител.

Трагедијата во семејството Рашид е уште поголема бидејќи во нападот бил убиен и 21-годишниот Тал, синот на Наем.

Преживеаните раскажуваат за херојскиот чин на Наем и како тој самопожртвувано скокнал врз напаѓачот.

Во нападот загинаа 49 луѓе и 20 се тешко ранети.

Тарант е уапсен и денеска се појави пред суд каде е обвинет за терористичка напад каде што усмрти 49 лица.

Mahir Demişoski