(Дубаи – Портал) Муслиманот Вилијамс, кој е добро познат рагби играч на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео во врска со терористичкиот напад и го напиша следното: „Се соочувам со тешкотии за да изнајдам зборови со кои би ги изнел моите чувства“

Рагби ѕвездата на Нов Зеланд Сони Бил Вилијамс покажа голма реакција против извршените терористички напади на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд.

Муслиманскиот рагби играч Вилјамс кој на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели видео во врска со терористичкиот напад и го напиша следното: „Се соочувам со тешкотии за да изнајдам зборови со кои би ги изнел моите чувства. Го изразувам моето сочувство до семејствата на загинатите во нападите. Моите дови се со вас.“

33-годишниот рагбист Сони Бил Вилијамс кој со репрезентацијата на Нов Зеланд ја има освоена и титулата светски шампион, во првите години од својата клубска кариера го облекол дресот и на тимот на градот Крајстчерч, Крусајдерс.

Терористичките напади на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд беа осудени и од страна на Бафетимби Гомис, поранешниот фудбалер на Галатасарај, кој играше и за екипите на Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем во англиската Премиер лига.

Бафетимби Гомис кој моментално игра за екипата на Саудиска Арабија Ел Хилал во врска со терористичките напади го употреби изразот „Се молам за оние кои го загубија животот го нападите во Нов Зеланд и за нивните семејства.“

Англиските екипи Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем на своите сметки на социјалната мрежа Твитер исто така споделија објави во врска со терористичките напади.

Во пораките на овие клубови се вели „Сите наши молитви се за оние кои беа погодени од денешните напади во Нов Зеланд.“

Инаку, во извршените терористички напади на две џамии за време на клањање на џума намаз (петочниот намаз) во градот Крајстчерч животот го загубија 49 лица, а 48 лица се ранети од кои 20 потешко.

Во врска со нападите беа притворени 4 лица од кои три мажи и една жена.

Mahir Demişoski