Премиерката на Нов Зеланд, Ардерн, на прес-конференција рече дека нападите извршени врз две џамии во градот Крајстчерч се терористички напади.

(Дубаи – Портал) Во терористичките напади извршени врз две џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд се масакрирани 49 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Премиерката на Нов Зеланд, Ардерн, на прес-конференција рече дека нападите извршени врз две џамии во градот Крајстчерч се терористички напади

Ардерн нагласи дека во терористичките напади се повредени најмалку 20 лица.

Таа истакна дека во врска со овие терористички напади се приведени четири лица, од кои еден е државјанин на Австралија.

Ардерн рече дека нивото на закана е зголемено на високо ниво, а ниту еден од терористите што го извршиле нападот не бил на листата за следење од безбедносните единици.

https://youtu.be/YONbcvK0TiU

Mahir Demisoski