Турција: Не придаваме никакво значење на одлуката на Европскиот парламент

0
192

Европскиот парламент денес го усвои извештајот кој предвидува прекин на преговорите за придружување на Турција во ЕУ

(Дубаи – Портал) – Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека Турција не придава никакво значење на одлуката на Европскиот парламент за суспензија на процесот на придружување на Турција кон Европската унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).

„Не можеме да дадеме никакво значење на едностраната оценка на Европскиот парламент, која е далеку од објективноста”, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција и се додава дека таквата постапка официјална Анкара ја смета за бесмислена.

„Гласањето во Европскиот парламент, со кој е суспендиран процесот на пристапување на Турција во ЕУ, го сметаме за бесмислен”, се наведува во соопштението.

Се напоменува дека одлуката на Европскиот палрамент е донесена во момент кога двете страни, и Турција и ЕУ, ги зголемиле заедничките напори за да повторно ги оживеат односите.

Се додава и дека ваквите постапки на институциите на ЕУ не се во согласност со вредностите на Унијата.

Европскиот парламент денес го усвои извештајот кој предвидува прекинување на преговорите за придружување на Турција кон Европската унија.

Mahir Demişoski