Калин: „Лагите на Нетанјаху не можат да ги сокријат израелските злосторства“

0
180

„Апартхејд државата што ја води Нетанјаху ја окупира палестинската земја, убива жени и деца, заточува Палестинци на нивната земја. Лагите и притисоците не можат да ги сокријат израелските злосторства“

(Дубаи – Портал) – Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, порача дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со лажните и измамнички обвинувања на сметка на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, нема да може да ги прикрие злосторствата што ги прави Израел на Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).

Шефот на израелската Влада, Нетанјаху, сѐ почесто остро ја критикува политиката на турскиот претседател Ердоган, а Калин утринава порача дека тие лажни и измамнички обвинувања се само продолжение на расистичките пораки на Нетанјаху за муслиманите.

„Апартхејд државата што ја води Нетанјаху ја окупира палестинската земја, убива жени и деца, заточува Палестинци на нивната земја. Лагите и притисоците не можат да ги сокријат израелските злосторства“, порача Калин.

Mahir Demişoski