Режимот на Асад изведе напад врз Идлиб со бомби со бел фосфор

0
205

Шефот на цивилната заштита на Белите беретки Мустафа Хај Јусуф за АА изјави дека силите на Асад и проиранските милитантни групи извеле напад на подрачјето на деескалациската зона на југот на Идлиб.

(Дубаи – Портал) – Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад со забранети бомби со бел фосфор изведоа напади на населбите во регионот на Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).

Шефот на цивилната заштита на Белите беретки Мустафа Хај Јусуф за АА изјави дека силите на Асад и проиранските милитантни групи извеле напад на подрачјето на деескалациската зона на југот на Идлиб

Додаде дека нападот е изведен со бомба со бел фосфор во местото Теманије.

„Изведоа два напади. Во два наврати се фрлени по 40 бомби со бел фосфор. Уште не добивме информации за загинати или ранети”, рече Јусуф.

Употреба на белиот фосфор како оружје е забранета со меѓународно воено право.

Белиот фосфор станува лесно запалив на температура на воздух од околу 30 степени, а оганот кој го создава тешко се гаси.

Организациите и групите за човекови права ја критикуваат употребата на таквото оружје во населени зони, бидејќи можат да убијат и уништуваат луѓе.

Сирискиот режим пред овој напад, во март 2018 година, исто така користеше бомба со бел фосфор во Источна Гута.

Идлиб е најголема енклава под контрола на опозицијата во Сирија. Со посредство на Турција и Русија во Сочи во септември минатата година постигнат е договор за примирје во Идлиб и воспоставување на деескалациска зона за цивили.

Mahir Demişoski